Енио Мориконе не стигна да се напие вино со Даниеле Де Роси. Еднаш композиторот му подарил шише првокласно вино на заменикот капитен на „римската волчица“. Се договориле да го отворат кога Рома ќе стане шампион.
Можно е Де Роси, кој пред неколку дена сензационално го најавија за нов тренер на Фиорентина, уште да го чува тоа вино. Или веќе го отворил со пријателите и фамилијата.
Во понеделникот Енио Мориконе почина во Рим после тешка повреда - паднал и ја скршил бедрената коска. Почина на 91 година.
НАЈСЛАВНА ФИЛМСКА МУЗИКА
Без музиката на Мориконе тешко можеше да се замислат филмовите на најголемите режисери. Неговите композции правеа одлична атмосфера во вестерн филмовите на Серџо Леоне („Добриот, лошиот и грдиот“, „Еднаш на Дивиот Запад“), во филмовите на Бертолучи („1900“), Торнаторе („Легендата за пијанистот“, „Малена“) и Пјер Паоло Пазолини.
Мориконе со фантастичен сандутрек го разубави и The Hateful Eight на Квентин Тарантино за што Италијанецот доби Оскар.
Композиторот пишуваше и камерна музика, одржуваше концерти по целиот свет и не работел помалку од 10 часа на ден. Покрај салата за филхармонија, единствено место на светот каде што се чувстувал среќен бил стадионот „Олимпико“.
ЈА НАПИШАЛ ХИМНАТА ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 1978 И МУЗИКА ПРЕД ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ 2018 ВО РУСИЈА
Во 1976-та година во Аргентина се случил воен преврат, државен удар и на власт дошла војската. После две години оваа земја беше домаќин на Светското првенство. „Гаучосите“ имале само една цел - да освојат злато.
Селекторот Цезар Луис Меноти на Светското не го повикал 17-годишниот Марадона но го освои златото и без него. Целата работа ја заврши легендарниот Марио Кемпес (шест гола, два во финале со Холандија).
Химна на тоа Светско првенство била El Mundial, напишана од големиот Морикено а во изведба на Филхармонскиот оркестар во Буенос Аирес.
Имено оваа химна не станала популарна и брзо се заборавила. Причина за тоа е што Мориконе не бил многу воодушевен зошто имал прогресивни идеи, а во Аргентина на власт дошле диктатори кои не сакале многу промени.
Неколку години пред Светското во Аргентина Мориконе напишал музика за американската левичарска активистка, пеачката Џоан Баз. Бил горд на тоа, а во Аргентина неговата музика ја примиле ладно.
Во 2017-та година за Independent рекол: „Тоа не беше моја идеја. Лејблот со кој работев во тоа време побара од мене да напишам музика и тоа беше чисто комерцијална одлука“.
После 40 години Мориконе добил понуда да напише химна за уште еден голем турнир - Олимпијадата 2026 во Милано и Кортина д'Ампецо. Спортскиот свет се воодушеви кога пред финалето на Мундијалот 2018 во Русија одеше саундтракот The Ecstasy of Gold
Од 2:23:
СЕ ВЉУБИЛ ВО РОМА ОТКАКО ТАТКО МУ ГО УДРИЛ СО ПИЦА
Дали е можно сосема случајно да се развие љубов кон фудбалски клуб, а после да се зажали над таа одлука? Тоа му се случило на Мориконе но никој не може да го обвинува.
Кога одел во школо, сите другари навивале за Лацио. Кога го прашале: „Енио, ти исто навиваш за Лацио?“ им рекол: „Да, секако“.
Му било незгодно да каже „не“. А тогаш уште немал омилен клуб, но после пар години му помогнал татко му.
Еден другар од школо пред татко му го раскажал дијалогот со другарите.
„Децава викаат дека ти навивач за Лацио?
-Да, така им кажав.
„Не ти е срам?“
Во тој момент по лицето на малиот Енио Мориконе се разлеала пица. Композиторот децении подоцна раскажал за сајтот на Рома дека од тој момент почнал да навива за „волчицата“.
Рома отишол да ја гледа првпат кога имал девет години. Уште не играле на преубавиот „Олимпико“ туку на стариот „Кампо Тестачо“.
Заедно со татко му отишол зад едниот гол а во Рим гостувал големиот Јувентус.
„Бев на неколку метри од Гвидо Маѕети. Да, да, се памтам. Он беше на голот“, рекол Мориконе за денот кога Рома победила 1:0.
Мориконе низ годините паметеше и раскажа многу анегдоти. Негов омилен играч бил Џакомо Лози, стопер од 1955-та до 1969-та година. Лози важи за трета клупска икона после Тоти и Де Роси.
Од '50-те па до своите 80-те Мориконе одел на стадион. Обожавал да гледа фудбал но секогаш се држел воздржано дури и кога Рома давала гол, Енио никогаш не скокал од место. Викал дека скромноста не му дозволува.
Еднаш бил на дерби со Лацио со жена му, со Серџо Леоне и неговото семејство. Мориконе никогаш не го прашувал Леоне за кого навива па ни тогаш кога отишле на стадион за да им биде пријатно.
Но кога Лацио дал гол, Мориконе се вџашил: „Леоне скокаше како ненормален и се радуваше. После тоа му се развикав дека од сега на стадион ќе одам само со жена ми“.
Мориконе еднаш го донел и Клинт Иствуд на стадионот на Рома и му подариле дрес. Во 2017-та година клубот му предложил да напише химна која ќе стане официјална, но тој елегантно одбил: „Им кажав дека имаат така прекрасна химна“.
Интересен е и еден негов приказ за големото ривалство и вечно дерби. Мориконе сметал дека Римјанин не може да не навива за Рома зошто Лацио е клуб на регионот па може за него да се навива како за некој Фрозиноне.
„Рома отсекогаш бил клуб со меѓународен карактер, со сентиментална атмосфера. Овој клуб е отворен за луѓето, остава простор за фантазија, во него може да видите самба, боса нова, дури и почуствително танго“, рекол за Рома Мориконе.
Во 2017-та година кога Франческо Тоти пред преполн „Олимпико“ се прости од фудбалот, на стадионот одеше музика од филмот „Беше еднаш на Дивиот Запад“, компонирана од Енио Мориконе. А ден-денес екипите во Серија А излегуваат на терен не со химна на лигата, туку со саундтракот од „Си беше еднаш во Америка“.