Ждрепка

ЛЕ: Јунајтед против изненадувањето на сезоната

Од неколку прифатливи противници, Рома падна против клубот кој најмногу во историјата го има освојувано трофејот во Лига Европа и буквално „ја сврте игрицата“ во ова натпреварување. Интер против незгодниот Хетафе.

Лига Европа, 1/8 финале, извлечени парови:

ИСТАНБУЛ БАШАКШЕХИР - КОПЕНХАГЕН
ОЛИМПИЈАКОС - ВОЛВС
РЕНЏЕРС - ЛЕВЕРКУЗЕН
ВОЛФСБУРГ - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК
ИНТЕР - ХЕТАФЕ
СЕВИЉА - РОМА
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ/САЛЦБУРГ - БАЗЕЛ
ЛАСК ЛИНЦ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Финалето на Лига Европа сезонава ќе се игра во полскиот град Гдањск на 27. мај на новиот и модерен стадион „Енерга“ кој има капацитет од 41.260 места.

Првите натпревари се закажани за 12 март (четврток стандардно), а реваншите на 19 март. Ќе почнуваат во термини како и досега што беа во групната фаза, од 18:55 и 21:00.

Ждрепката понатаму за четвртфинални и полуфинални парови ќе се одржи на 20 март (петок).

28 февруари 2020 - 13:18