Таг: ас рома

Јунајтед лесно со Партизан, Рома изгуби во 95-та минута

Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.

Има вистина во она што го викаат за голманите

За време на мечот Борусија Менхенгладбах - Рома во рамките на 4. коло од Лига Европа, домашниот голман Зомер го залепи својот бек толку силно со една топка, што овој не можеше да се опорави долго. После 75  минути игра резултатот е 1:1 а и двата гола (еден автогол) ги даде стоперот на Рома Фацио.

Кога Тоти стана најстар стрелец во ЛШ и тоа против Сити

Им дојде тогаш на „граѓаните“ на „Етихад“ во 2. коло од групите во ЛШ и на 38 години им покажа на Компани, Клиши, Јаја Туре, Давид Селва, Френк Лампард, Серхио Агуеро и Един Џеко, каква фудбалска интелегенција има.

Трансферот на Михтарјан спаси 13 годишно дете од Кенија

Добро де не го спаси директно, ама помогна, а тоа се случува трет пат во рок од два месеци. Браво за иницијативата на Рома. Летово направија одлично дело.

Како тоа носат засилувања, а истовремено спасуваат деца?

Неодамнешната Твитер кампања на Рома каде мислевме дека вработиле човек кој го бива само за хумор, излезе топ, ама ептен топ. Со други збори, многу е сериозна и уште повеќе корисна. На две семејства им го продолжија животот.

На дербито Лацио - Рома имаше 5 стативи за 26 минути

Вечното римско дерби донесе добар фудбал, 2 гола, многу шанси на двете страни и чудни моменти: стативите на двата гола на „Олимпико“ беа погодени 5 пати за 26 минути (Леива, Имобиле, Кореа, Пароло, Ѕаниоло, Ченгиз). Според Opta, вакво нешто се случило во далечната 2004/2005 на дербито Милан - Интер.

Манчестер Јунајтед со Партизан, Арсенал против Ајнтрахт Франкфурт

По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.

Прејака Твитер кампања на Рома

Ако некој Твитер профил се разликува драстично кај фудбалските клубови, тоа дефинитивно е оној на Рома. Ги бива за хумор, правење спрдњи, ама и за доста сериозни теми, како оваа што ја почнаа летово.

Искрена исповед на Тоти зошто си оди од Рома

Денес на пладневна прес-конференција, големата легенда на италијанскиот фудбал ги соопшти своите причини зошто ја напушта должноста директор во Рома.

Емотивно испраќање на последниот гладијатор

Откако со солзи го испратија Франческо, навивачите на Рома синоќа се збогуваа и со неговиот наследник, најголемиот фајтер кој ја носел капитенската лента, Даниеле Де Роси.

После 18 години, Даниеле Де Роси ја напушта Рома

Еден од најголемите фајтери, капитен на Рома и легитимен наследник на Франческо Тоти, ненадејно соопшти дека по крајот на сезоната во Серија А ќе замине од клубот за кого игра речиси две децении.

Срамота на Роналдо, го исмеваше Флоренци поради малиот раст

Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.

Рома покани навивач кој коментирал дека секој може да даде таков гол

На Интернет има зналци за секоја област. Од селектори до аптекари и кондуктери. Така еден Марко на голот на Џенгиз Ундер од Рома коментирал: „Ова и ја ќе го дадам, што е толку тешко“? Рома го поканила, го земала од дома и го донела на стадионот „Олимпико“ да покаже дека и он би го дал истиот гол.

Учинокот на Мончи во Рома: 81 милион евра во плус, 0 пехари

Претседателот на Рома, Џејмс Палота држел пенкало во рака пред листот со отказ за тренерот Ди Франческо по дебаклот во Фиренца, но Мончи го разубедил. Синоќа ги отпуштил и двајцата.

Го имаме победникот на денот

Лацио во саботата ја декласираше Рома 3:0, а обично после една ваква убедлива победа во римско дерби на шегите им нема крај. Погледнете го што работи типов. Па уште мртов ладен е.

Дерби за кое Рим застанува на 90 минути

Претстојниов викенд, на 2 март во сабота ќе се игра 188 Derby della Capitale, дуелот на вечните ривали од вечниот град.

Најинтересни детали од биографијата на Франческо Тоти

Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.

Комична сцена при кавга со внесување лице во лице

За време на мечот Рома - Болоња, капитенот на домаќините Флоренци влезе во еден дуел со далеку повисокиот и покрупниот противнички бек Мичел Дајкс. Овој виде не виде, се насмеа од комичната сцена.

Провокациско фото на денот

Како по правило, која екипа и да гостува на „Олимпико“, го провоцира домаќинот било да е Рома, било да е Лацио со реквизит на еден од овие два клуба. Синоќа романистите ги иритираше еден навивач на Порто.

ПСЖ ја прекина бајката на Солскјер, Рома со 2-1 оди во Порто

Апсолутна доминација на Килијан Мбапе и компанија на „Олд Трафорд“. Парижаните со една нога се во четвртфинале. Рома на „Олимпико“ на крилата на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1.

Пјонтек нема намера да застане

По двата гола против Наполи во Купот, вечерва полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек ја „начна“ и Рома. Во 26' минута на мечот на „Олимпико“, на асистенција на Бразилецот Пакета кој зимава дојде во Милан, Пјонтек го даде 14 гол во сезоната.

Батистута наполни 50 години - кои беа 20 негови најдобри голови?

На 1 февруари во 1969 година во градот Авеланеда во реонот Санта Фе во Аргентина се родил човекот кој стана миленик на многу генерации.

Седмица на лото каква што Рома памети многу пати низ историјата

Фудбалерите на Рома изгубија 7:1 од Фиорентина во четвртфиналето на Купот на Италија и по 2007-ма на „Олд Трафорд“ им приредија на своите навивачи уште еден тежок срам.

Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.