Рома - Парма во недела на 26 мај ќе биде последниот меч на Даниеле Де Роси во саканиот дрес, откако капитенот на „џалороси“ објави дека заминува од клубот.
Роден во Рим, растен во фудбалската школа на Рома, Де Роси до денешен ден има 615 натпревари и 63 гола за клубот во кој е веќе 18 години. Тој е вториот играч со најмногу настапи за Рома во историја, веднаш зад легендарниот Франческо Тоти.
One man
— Audu Sports (@AuduSports) May 14, 2019
One club
One league
One legend.
Daniele De Rossi will leave AS Roma at the end of the season. After a successful 18yrs with club.
Credits: 📽 AS Roma#DDR16 #DeRossi #Audusports pic.twitter.com/sFW6ay38nt
Даниеле (роден во 1983 година) не ја завршува фудбалската кариера и ќе продолжи да игра во странство, по се изгледа во САД од каде веќе добил понуди.
ОД АНДЕРЛЕХТ ДО ПАРМА: 18 ГОДИНИ СО ВОЛЧИЦАТА
Во 2000 година, Даниеле заиграл со кадетите и младинците на Рома. Своето деби за прв тим со сениорите го имал на 30 октомври 2001 година, кога влегува во игра наместо Иван Томиќ во второ полувреме од дуелот од Лига на шампиони со Андерлехт (1-1).
Во Серија А дебитирал на 25 јануари 2003 година на мечот Комо - Рома. Набрзо стана незаменлив дел од средниот ред на римскиот клуб. Покрај тоа, Даниеле (36) изгради голем авторитет и како репрезентативец на Италија со која стана Светски шампион во 2006 година. Со „Аѕурите“ играше на дури 3 Мундијали, играше на 3 Европски првенства и два Купа на Конфедерации. Со Рома два пати го освои Купот на Италија во 2007 и 2008 и еднаш Суперкупот во 2007 кога го постигна решавачкиот гол против Интер на Сан Сиро.
Голема благодарност за се што направи за Рома, на Де Роси претпладнево му упати и претседателот Џејмс Палота кој за капитенот имаше избрани зборови.
На денешната прес-конференција на Де Роси, фудбалерите на Рома дојдоа во негов дрес: