Италијанскиот прволигаш летниот период за трансфери го искористи на многу штосен начин кој се покажа како полн погодок.
Секое ново засилување кое го претставуваше на Твитер го искористи да им помогне на семејствата кои имаат исчезнати лица.
Објавуваа две видеа. На едното го претставуваа играчот, а на другото исчезнатото дете за кое испраќаа апел за помош.
Рома тоа го направи во соработка со Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) и Telefono Azzurro.
„Се инспириравме кога видовме слики од исчезнати деца во САД на картон од млеко кои беа прикажани на музички спот на Ем ти ви. Со таа кампања мислам дека помогнаа да се пронајдат 21 дете. Направија четири верзии од тоа видео, две за во САД и по едно за Велика Британија и Австралија. Целта ни е да привлечеме поголемо внимание кај луѓето и да дојдеме до резултати“, вели Пол Роџерс, шеф за стратегија во Рома.
Резултатите се одлични, а тоа може да се забележи откако го промовираа Давиде Ѕапакоста од Челси.
Две деца од кампањата на Рома се пронајдени живи и здрави.
♥️ Amazing news from @ICMEC_official & @ChildFocusNL!
— AS Roma English (@ASRomaEN) September 2, 2019
FOUND! A 9-year-old boy who featured in the #ASRoma Zappacosta video 12 days ago, after going missing in Belgium, has been found safe.
Last month, a teenage girl from London, who also featured in a Roma video, was found safe pic.twitter.com/gPgpU6DSMe