Рома седум гола во својата мрежа прими првпат по октомври 2014-та година. Тогаш Баерн Минхен ја прегази „волчицата“ среде „Олимпико“ во Рим во рамки од групната фаза на ЛШ.
Во Фиренца Рома прими 7 парчиња по 6-ти пат во историјата: најпознати се поразите од Манчестер Јунајтед во 2007 на „Олд Трафорд“ (4-0 после 36 минути), гореспоменатиот со Баерн.
На 22 јуни 1935-та година, Рома во Митропа Купот (Куп на Централна Европа) загубила со 8-0 од Ференцварош.Во сезоната 1931/1932 на 6 март 1932 Јувентус ја прегазил Рома со 7-1.На 5 октомври 1947 година Рома на домашен терен загубила со 1-7 од Торино.
Колку фудбалерите на Рома синоќа во Фиренца беа фрустрирани зборува и фактот што Един Џеко, кој влезе во игра на почеток на вториот дел, во 72’ минута го плукна судијата Џанлука Манганело.
Пет од седум гола на Рома и дадоа синовите на легендите - хет-трик имаше Федерико Киеза (дете на Енрико), а два постигна Џовани Симеоне.
„Не можам да поверувам каква вечер. Ова го остварив благодарение на сите кои работеа со мене. Ним им го посветувам хет-трикот. Сите кои беа со мене и во тешки времиња“, рекол 21-годишниот Федерико кој има 7 гола на последните 4 натпревари за Фиорентина.
Од друга страна, од Рома се очекуваа сосема поинакви резултати сезонава затоа што минатата година екипата стигна до полуфинале на Лига на шампиони и за малку не влезе во финале.
Во последниот меч од Серија А минатиот викенд, тимот на Еузебио Ди Франческо прими три гола од Аталанта и иако водеше 1:3 на крајот изгуби два бода.
„Ќе се справам со ситуацијата, потребна е реакција. Сигурен сум дека и клубот ќе се справи. Денешниот меч покажа некои наши проблеми кои ги влечеме цела сезона, но не давам оставка“, рече после мечот во Бергамо Ди Франческо кој и синоќа по дебаклот егоистично изјавил дека не дава оставка.
****
Спортскиот директор Мончи не бил така уверен: „Ова е најтешкиот пораз и најболниот момент во мојата кариера. Никогаш не сум доживеал ваков пораз. Ова е вечер кога само може да им се извиниме на навивачите на Рома кои беа во Фиренца, како и оние дома. Извинете, извинете, извинете.“