Во период кога сите клубови ќе се обидат да направат што подобар пазар со играчи, во Рома паралелно со таа работа им дојде и една невообичаена и многу корисна идеја.
Клубот почна со кампања која има за цел да им помогне на семејствата кои имаат исчезнати деца. Како ќе ја спроведат?
За секое ново засилување тие почнаа да објавуваат две видеа. На едното го претставуваат играчот, а на другото апелираат за помош на исчезнати деца низ светот.
Новото засилување од Јувентус, Леонардо Спинацола го најавија вака:
Official: Leonardo Spinazzola is now a Roma player.
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 30, 2019
This summer #ASRoma will use each transfer announcement video on social media to help raise awareness about the search for missing children globally.
@MissingKids ❤️ @telefonoazzurro pic.twitter.com/sy9GheDhsg
Исто направија и со потпишувањето на Амаду Диавара од Наполи:
Official: Amadou Diawara is now a Roma player.
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 1, 2019
This summer #ASRoma is using the publicity generated by each transfer announcement video on social media to help raise awareness about the search for missing children globally.
@MissingKids ❤️ @telefonoazzurro pic.twitter.com/bz1eCyRm9F
Клубот направи соработка со Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) и Telefono Azzurro и планира да го продолжи овој тренд и со следните трансфери.
„Се инспириравме кога видовме слики од исчезнати деца во САД на картон од млеко кои беа прикажани на музички спот на Ем ти ви. Со таа кампања мислам дека помогнаа да се пронајдат 21 дете. Направија четири верзии од тоа видео, две за во САД и по едно за Велика Британија и Австралија. Целта ни е да привлечеме поголемо внимание кај луѓето и да дојдеме до резултати“, вели Пол Роџерс, шеф за стратегија во Рома.