Во 54’ минута играчите на Јувентус не ја исфрлаа топката од игра кога Един Џеко доби болен удар во еден дуел. Така почна спорот меѓу капитенот на „џалоросите“ и Роналдо. Прво Флоренци негодуваше и викаше по Роналдо, а потоа Португалецот брзо му одговори.
Судијата Маса и играчите пробаа да ги раздвојат, а Кристијано во тој момент со гест му покажа на противничкиот играч да замолчи и безобразно покажуваше на неговиот мал раст: „Многу си мал за да збориш нешто“, му рекол Кристијано на Лоренци, кој подоцна му врати на Роналдо со гол за 1:0.
После разговорот со судијата, Роналдо продолжи да го омаловажува Флоренци, за да на крајот од целата гужва дојде да му се извини.
„Два пати ја исфрлавме топката кога некој лежеше на трева да му се укаже лекарска помош, а он два пати продолжува да игра. Моќевме во прво полувреме преку Коларов да тргнеме во контра, но ја исфрливме топката зошто сме такви луѓе“, рекол Флоренци после мечот и додал:
„Он (Роналдо) е освојувач на Златна топка и мисли дека има право да го прави тоа што вечерва го направи. Но ајде да го оставиме тоа зад себе, тоа се случува на теренот. И јас правам и зборувам некои глупости на теренот, но се трудам таму и да остане“, искрено рекол Флоренци.
20-ина минути подоцна токму Флоренци го отвори резултатот а во финишот Џеко ја потврди победата на Рома од 2:0 која остана во трката за 4 место кое води во Лига на шампиони.