Како што е веќе познато, римскиот прволигаш смисли фантастична кампања со која им помага на семејствата кои имаат изгубени деца.
Стратегијата им е многу добра и ефикасна. Со секој најавен трансфер кој го најавуваат во видео форма, паралелно објавуваат фото и инфо од одредено дете кое се води како исчезнато.
Кампањата ја спроведоа во соработка со Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) и Telefono Azzurro.
Со трансферот на Запакоста од Челси објавија дека во Белгија исчезнало 9 годишно дете кое потоа беше пронајдено, а еден месец претходно истото се случи и со девојче од Лондон.
Сега најново, усреќија семејство и од Кенија. Браво.
И тоа го пронашле баш кога Ерменецот го постигнал деби голот за Рома
The teenager who featured in the Henrikh Mkhitaryan x @missingchild_ke announcement video was actually found on the day the Armenian international made his #ASRoma goalscoring debut.
— AS Roma English (@ASRomaEN) September 16, 2019
We're republishing an edited version of the video to publicise the 11 other missing children 🙏 pic.twitter.com/6EA6x4Bc5i
Massive respect for AS Roma for using their public platform for something positive! 👏🏿👏🏿👏🏿 pic.twitter.com/IvBCUQaLbl
— Mohamed (@MHus66) September 16, 2019