Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.

Веќе се навикнавме на натпреварите на Ливерпул Мохамед Салах да дава голови и мести асистенции.

Но пред 5 години Мурињо бил незгоден и во односот со Египќанецот кој дојде во Челси кога Жозе беше тренер, па Салах одигра само 2 цели меча за пола година.

Тогаш Хуан Мата за 37 милиони фунти отиде во Манчестер, а Де Брујне дојде на „Стемфорд Бриџ“ за 16 милиони од Волфсбург. Некој требаше да го менува и Вилијан па во клубот се сетија на брзиот дечко од Базел кој токму на Челси му даде два од трите гола во Лига на шампиони (2:1 и 1:0).

Салах тогаш се поигруваше со Ешли Кол и Азпиликуета.

Тогаш младиот Египќанец го воодушеви не само Челси туку и Ливерпул кој на почеток не сакал да плати повеќе од 8 милиони фунти за него (во тој момент на „Енфилд“ немаше спортски сектор како денес).

„Сините“ дадоа 11 милиони, Базел прифати и Мохамед потпиша 5-ипол годишен договор. Се останато знаете.

Брзиот крилен напаѓач се трудеше, го заменуваше најчесто Вилијан на десно крило но не покажа ништо посебно. Неговото главно достигнување во вториот дел од сезоната 2013/2014 беше рекорд по максимална брзина во Премиер лига.

Со почетокот на следната сезона Салах не беше ниту на клупата за резерви во Челси и во Премиер лига одигра само три меча. Мурињо повеќе го играше Бразилецот Рамирес (замислете), и говореше дека за него титулата е поважна отколку брзината во тимот.

Престојот на Мо Салах во Лондон беше очаен: 19 меча, само 9 од почеток и само 2 од почеток до крај.

***

Во зимата 2015-та Челси даде дури 26 милиони за Колумбиецот Хуан Квадрадо и реши да го прати Салах на позајмица во Фиорентина.

Со Квадрадо Челси не направи ништо сензационално а Мохамед во Италија даваше гол на секој втор меч, постигна две супер гола против Јувентус, тифозите го засакаа и популарноста му порасна до толку што направија и нова Salah Pizza.

Британските медиуми го напаѓаа Мурињо но тој елегантно се правдаше. Прво во интервју за Goal.com:

„Салах не е дел од мојата екипа и тој нема да остане во неа. Важно е да продолжи така во Фиорентина зошто ми се допаѓа варијантата со позајмица за него. Да се игра во Италија е тешко, особено ако сте напаѓач. Ако не успее со Фиорентина, тоа ќе биде Рома, Јувентус или Интер. Он е добар дечко и добар фудбалер, но му треба уште да игра на високо ниво“, рекол Португалецот.

А потоа Жозе во разговор со The Telegraph рекол:

„Вие може и нив да ги прашате зошто сакале да си одат од клубот. Ако бидат чесни, секој од нив: Лукаку, Де Брујне, Ширле, Салах - ќе ви каже дека не сакал силна конкуренција. Они не сакаа да се борат со подобри играчи.“

Во летото 2015 Салах по заминувањето на Винченцо Монтела од Фиорентина реши да одбие да остане и ја прифати понудата на Рома и Лучано Спалети.

После половина година Римјаните платија 20 милиони евра за откуп на договорот на Египќанецот. Антонио Конте, кој дојде место Мурињо не бил задоволен што клубот го продал Мохамед:

„Салах е одличен играч, но никој не се советуваше со мене за неговиот трансфер. Не сум спремен да го коментирам тоа, инаку ќе имам проблеми во спротивно“, рекол Конте.

Мурињо и натаму го прашувал за Салах. Дури и ден-денес. Тој неодамна во интервју за BeIN Sports рекол:

„За почеток: луѓето обично тврдат дека јас сум тренерот кој го продал Салах. Но тоа совршено не е точно. Јас сум тренер кој го купи него. Ние игравме против Базел во Лига на шампиони, Салах беше фантастичен и јас се вљубив во неговата игра. Затоа го купивме. Јас го натерав клубот на тој трансфер, иако имавме фантастични офанзивци како Азар и Вилијан. Но настојував да се купи Салах, тоа беше важно“, се правдал Мурињо пред неколку дена.

Во Лондон не успеа зошто беше изгубен дечко. Сосема изгубен во нов свет. Јас сакав да работам со него, да се развива, но ништо не успеа. Потоа го пративме на позајмица во култура која добро ја знам, во Италија.“

На крај Мурињо додал и дека тој не сакал да го продаде Салах туку дека клубот решил. А таквата одлука на Челси, или Мурињо, како било, и тоа како го израдува Ливерпул неколку години подоцна.