Лига Европа

Манчестер Јунајтед со Партизан, Арсенал против Ајнтрахт Франкфурт

По синоќешната гала вечера на која беа извлечени групите за новата сезона во Лига на шампиони, попладнево во Монтекарло се извлекоа и групите за второто по ранг европско клупско натпреварување.

Македонските репрезентативци Стефан Спировски и Стефан Ристовски ќе имаат интересни предизвици. Десниот бек со Спортинг Лисабон ќе игра со ПСВ Ајндховен, Розенборг и ЛАСК, а играчот од среден ред со ЦСКА Москва, Лудогорец и Еспањол.

Група А: СЕВИЉА, АПОЕЛ, КАРАБАГ, ДУДЕЛАНЖ
Група Б: ДИНАМО КИЕВ, КОПЕНХАГЕН, МАЛМЕ, ЛУГАНО
Група Ц: БАЗЕЛ, КРАСНОДАР, ХЕТАФЕ, ТРАБЗОНСПОР
Група Д: СПОРТИНГ, ПСВ АЈНДХОВЕН, РОЗЕНБОРГ, ЛАСК
Група Е: ЛАЦИО, СЕЛТИК, РЕН, КЛУЖ
Група Ф: АРСЕНАЛ, ФРАНКФУРТ, СТАНДАРД ЛИЕЖ, ВИТОРИЈА
Група Г: ПОРТО, ЈАНГ БОЈС, ФЕЕНОРД, РЕНЏЕРС
Група Х: ЦСКА МОСКВА, ЛУДОГОРЕЦ, ЕСПАЊОЛ, ФЕРЕНЦВАРОШ
Група И: ВОЛФСБУРГ, ГЕНТ, СЕНТ ЕТЈЕН, ОЛЕКСАНДРИЈА
Група Ј: РОМА, БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ, БАШАКШЕХИР, ВОЛСФБЕРГЕР
Група К: БЕШИКТАШ, БРАГАВУЛВЕРХЕМПТОН, СЛОВАН
Група Л: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, АСТАНА, ПАРТИЗАН, АЗ АЛКМАР

1. коло - 19 септември
2. коло - 3 октомви
3. коло - 24 октомври
4. коло - 7 ноември
5. коло - 28 ноември
6. коло - 12 декември

Извлекувањето на групите ИМ беше доверено на легендарниот лев бек на Челси и Арсенал, Ешли Кол кој сега работи како тренер на У-15 во Челси, и на неговиот некогашен соиграч, Португалецот Пауло Фереира.

На 16 декември ќе се влече ждрепката за 16/финале во Нион, на 20 февруари следната година ќе се играат првите натпревари од оваа нокаут фаза, со реванши една недела подоцна на 27 февруари.

На 28 февруари 2020 е предвидена ждрепката за 1/8 финале кое ќе се игра на 12 и 19 март. На 20 март 2020 ќе се влечат паровите за 1/4 финале кое е предвидено за 9 април и 16 април реваншите.

На 30 април ќе се играат полуфиналните дуели, а големото финале е закажано во Полска на 27 мај 2020 година во градот Гдањск.