На иранскиот дел од социјалните мрежи, најголемото споредно очекување од крајот на санкциите е дека МекДоналдс, Пица Хат и слично доаѓаат во Иран.
За разлика од нив МекДоналдс корпорациски претпазливо се вртка околу целата работа, објавувајќи го на својот сајт стандардното "се уште немаме конкретен датум за развивање МекДоналдс ресторани во Иран," и дополнуваат дека во иднина "ќе преземат чекори околу ова" (важи за сите држави во кои нема МкД ресторани).
Меѓу државите кои инстантно добија МекДоналдс по подобрувањето на односите со САД се: Русија (јануари 1990-та), Кина (октомври 1990-та) и Виетнам (февруари 2014-та).
За возврат на тоа што ќе го увезат МекДоналдс, со крајот на санкциите Западот од Иран ќе може да увезе фстаци, урми, шафрон и зачини.