По последните драми вредноста на комплетниот пазар на криптовалути е падната на 139,7 милијарди. За споредба, вредноста на ланецот за брза храна, Мекдоналдс, изнесува 140 милијарди долари.
Од пикот во јануари 2018, вредноста на пазарот на криптовалутите е падната за 80%. Кога биткоин одеше по земја, вкупната вредност на сите криптовалути изнесуваше 819 милијарди долари.
Моментално има над 2050 индексирани различни криптовалути, од кои на биткоин отпаѓаат околу 75 милијарди долари или над 50% од вредноста на целиот пазар. На второ место е ХРП на Рипл со 16,5 милијарди долари, а на трето етереум со 12,7 милијарди долари.
Ако ви се следи како не им оди на криптовалутите, клик тука