Таг: криптовалути

Американците во милијарди долари була од крипто измами

Само минатата година измамници успеале да им украдат над 5,6 милијарди долари на Американци на најразлични шеми и измами поврзани со криптовалути и ова е за 45% повеќе отколку во 2022, покажува извештај на ФБИ.

За 60 дена повлечени 12 милијарди долари од Бинанс

Бинанс е компанијата која снајперски прецизно ја идентификуваше пирамидалната шема на ФТХ и сосема свесно ја искористи за да предизвика колапс на компанијата. Тоа што Бинанс потцени е како крахот на ФТХ ќе влијае на нивните пари.

Како воопшто Сем Бенкман-Фрид стигна до милијарди долари од ништо?

Случајот со пропаста на ФТХ е уште едно упорно повторување на правилото дека ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистина, тогаш веројатно е, и само треба малку да почекаш за да видиш каде е лагата. Основачот на ФТХ и целата операција, Сем Бенкман-Фрид деновиве беше уапсен на Бахамите по барање на САД.

Ајде да ни објаснат што е тоа ФТХ, најголемата крипто измама и крах за 2022

Сем Бенкман-Фрид (СБФ) е човекот кој ја основа компанијата ФТХ и објавува сопствена криптовалута (ФТТ) која откако достигна вредност од десетици милијарди долари минатата недела се покажа дека е чиста пирамидална шема и комплетно крахира.

Кога копачите ќе стивнат

Вака изгледа крахот на криптовалтутите.

Се реши кризата со графички

Истите графички картички што до пред некој месец на црно се продаваа за над 1.000 долари, сега ем ги има во изобилие, ем се околу 300 долари. Се што се смени во меѓувреме беше целосен крах на крипто пазарот.

Крипто, измамата што не се казнува

Крахот на крипто пазарот кој се уште е во тек збриша вредноста од илјадници милијарди долари, само биткоин е паднат околу 70% од пикот во ноември кога вредеше 69.000 долари. И за сега никој за ништо не одговара.

Коинбејз, три месеца пепел

Коинбејз, една од најголемите светски платформи за тргување со криптовалути, по првиот квартал од годинава е во минус од над 430 милиони долари.

Малезија уништи 1,6 милиони долари опрема за копање биткоин... со валјак

Опремата е запленета, а потоа и смачкана, затоа што работела на крадена струја.

Криптовалутата што за еден ден постоење стигна до 45 милијарди долари

Се вика „интернет компјутер“, почна да постои во понеделникот, веќе е влезена во топ 10 криптовалути во светот и има вкупна пазарна вредност од 45 милијарди долари.

Биткоинот има нула суштинска вредност

Критичарите на биткоинот велат дека тој нема никаква вредност сам по себе, меѓутоа тие што го бранат... всушност... голем број од нив се согласуваат со ова. И тоа може да те прави нервозен ако си со голема инвестиција во биткоин или мислиш да влегуваш во тоа за прв пат.

Биткоин скокна на 44.000 долари по ишаретот од Тесла

Новиот рекорд за вредноста на биткоин ја надмина границата од 44.000 долари откако Тесла објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари во криптовалутата.

Електраната што се сети на биткоинот

Вишокот електрична енергија е еден од најнепрофитабилните и општо расипнички дел од работењето на електро-централите, барем додека не ти текне да почнеш да редиш компјутери и да копаш криптовалути.

За сите што купија „бугарски биткоин“

Ружа Игнатова е Бугарка со титула „доктор“ која успеа да убеди илјадници луѓе низ светот за неколку години да инвестираат 4,6 милијарди евра во нејзината криптовалута Уанкоин (OneCoin). Од Ружа Игнатова (и парите), од 2017-та нема ни трага ни глас.

Пазарот на криптовалути моментално вреди помалку од Мекдоналдс

За тие што не се во тек, сета онаа ветувана баснословна иднина позлатена од ќар од криптовалути во која само треба да купуваш графички картички и да гледаш како парите ти легнуваат на сметка, моментално е сведена пепел и клетви.

Има и фудбалер што седи во канцеларија и работи со биткоини

Го паметите ли Велшанецот Робсон-Кану кој ѝ даде луд гол на Белгија во четвртфиналето на Европското 2016? Епа дечкото работи како крт на мобилни апликации и работи со блокчејн и криптовалути.

Феноменалната измама со рускиот брод потонат со милијарди долари злато на него

Минатиот месец јужнокорејската компанија Шинил груп објавува дека го открила трупот на над 110 години потонатиот руски воен брод Димитриј Донски, и дека на него има товар од 200 тони злато со вредност од 130 милијарди долари. Нормално дека сето ова е премногу добро за да биде вистина.

Цената на биткоинот лани била вештачки зголемувана

Концентрирана кампања за манипулација на цената најверојатно е одговорна за најмалку половина од растот на цената на биткоинот и останатите криптовалути во 2017, се тврди во истражување изработено од академик кој има цело портфолио на откриени измами на финансиските пазари.

Како Вајард изгуби 100.000 долари во биткоин

Во 2013, кога се уште е возможно по дома да копаш биткоин, Вајард на тестирање добива уред за копање. За кратко време, машината успева да ископа биткоин со денешна вредност од 100.000 долари (што значи пред пола година приказнава ги болела 3 пати повеќе). И потоа засекогаш ги губат парите.

Биткоин, што и како, објаснето колку што е можно поразбирливо

Криптовалути: сè што не разбирате за пари во комбинација со сè што не разбирате за компјутери.

Зошто даночните служби се плашат од биткоин?

Сржта на технологијата на која се базираат крипто-валутите, блокчејн, е во анонимноста на нивниот сопственик, односно сите трансакции се јавни ама се поврзани само со електронски адреси, а не со име, презиме, матичен или даночен број. И ова е значаен дел од привлечноста на блокчејн технологијата.