Американците во милијарди долари була од крипто измами

Само минатата година измамници успеале да им украдат над 5,6 милијарди долари на Американци на најразлични шеми и измами поврзани со криптовалути и ова е за 45% повеќе отколку во 2022, покажува извештај на ФБИ.

Во 2023 ФБИ добиле речиси 70.000 поплаки од жртви на финансиски измами поврзани со биткоин, етереум и други криптовалути. Најраспространети биле шемите за инвестирање, на кои отпаѓаат 3,96 милијарди долари.

„Децентрализираната природа на криптовалутите, брзината на неповратните трансакции и способноста вредноста да се префрли низ светот ги прават криптовалутите привлечни за криминалците, а во исто време враќањето на украдените средства е проблематично,“ пишува во извештајот на ФБИ.

Криминалците своите контакти ги прават преку апликации за лични контакти и на социјалните мрежи, каде неколку недели и месеци работат на изградба на доверба кај жртвите.

Откако ќе ја стекнат довербата, тие ги убедуваат своите жртви да користат измамнички вебстрани или апликации за инвестирање на парите, во одредени случаи дозволувајќи им на жртвите да повлечат мали количини на пари на почетокот од соработката за да изгледаат легитимни.

Во одредени случаи жртвите потоа се таргетирани од лажни бизниси кои тврдат дека ќе им помогнат да ги вратат криптовалутите што ги имаат изгубено.

Од ФБИ предупредуваат дека Американци на сите возрасти можат да бидат мети на такви измами и треба да бидат екстремно внимателни кога добиваат предлози за инвестиции од луѓе кои никогаш не ги сретнале во живо.

10 септември 2024 - 10:22