Костимирајте се
Не се мисли на оние евтини костими на медицински сестри, принцези и вештерки ко за априлијада, туку на нешто пософистицирано, што на партнерот ќе му покаже дека стварно сте вложиле труд, вели Дрејк, која за нејзините улоги понекогаш мора да носи прилично реалистични костими. Плус, не вреди да играте управничка на казнено-поправен дом, ако тоа униформата ве чеша и мириса на кинеска продавница.
Останете облечени
Добро де, не сосема. Една од причините зошто на пример би си ги задржале чевлите на себе е што ако тие се со висока штикла тоа ви ја издолжува ногата и ви го прчи задникот, па некои позиции просто изгледаат попровокативно.
Мастурбирајте за време на паузите
Под „пауза" се мисли кога одеднаш ви заплакало детето, на партнерот му се примочало или привремено му паднал. Ама тоа не е причина да се откажете. Дрејк мастурбира во паузите на снимањата, додека екипата пие кафе, за да биде подготвена веднаш штом викнат „акција!".
Шалтајте од однос кон предигра и обратно
Сексот никогаш не смее да биде линеарно дејство, демек ако си тргнал накај оргазмот мораш бргу-бргу таму и да стигнеш, и тоа по најкраткиот пат. Менувањето од предигра кон секс и назад кон орално (или што и да е што стимулира, а не е пенетрација) ти го пролонгира задоволството. Малку е покомплицирано кога се користи кондом, ама па не за џабе се продаваат по неколку во пакетче, да се стави нов при ваквата промена.
Зборувајте валкано
Не се мисли на дерење и будење на комшиите, туку за нежно шепотење на уво за тоа што имаш намера да му правиш (или што сакаш да ти прави) партнерот. Посебно пали ако добиеш комплимент за изгледот или за применетата вештина.
Правете го она што вам ви е убаво
Дрејк вели дека почесто свршува во сцените со „мек" секс затоа што тогаш може да си се посвети на себеси. Видете си што ви е најубаво и овозможете си доволно време. Под „доволно" време може да биде нешто што трае и само 15 минути, иако дури и таква порно сцена се снима најмалку еден саат.