Еден од „најкрвавите“ примери од периодов е со Луна зад која стои Тераформ лабс на До Квон. Луна беше стартувана како стабилна пара чија вредност е константно врзана со доларот. Ова не успеа и Луна крахираше, губејќи ги сите пари на инвеститорите. До Квон не одговараше.
Споредбата што се прави за случајов е меѓу До Квон и Берни Мадоф кој умре во затвор служејќи казна за пирамидална шема.
„Мадоф вс. До Квон
Во 2009 Берни Мадоф им изгуби на своите инвеститори 60 милијарди долари. Беше осуден на 150 години затвор.
Во 2022, До Квон им изгуби на своите инвеститори 60 милијарди долари откако вредноста на Луна колабираше на 0 долари. Потоа се врати да ја создаде Луна 2.0.
Мадоф почина во затвор минатата година, на 82 години.“