Ајде да ни објаснат што е тоа ФТХ, најголемата крипто измама и крах за 2022

Сем Бенкман-Фрид (СБФ) е човекот кој ја основа компанијата ФТХ и објавува сопствена криптовалута (ФТТ) која откако достигна вредност од десетици милијарди долари минатата недела се покажа дека е чиста пирамидална шема и комплетно крахира.

На крахот му претходи, многу пари фрлени на Супербоул реклами, „донации“ за политичари и за Бајден, и снајперски прецизни твитови од CZ (сопственикот на крипто-берзата Бајнанс).

Во својот пик ФТХ вреди 32 милијарди долари, за во петокот да поднесе барање за банкрот. Самиот СБФ изгуби околу 94% од своето богатство и од 15,2 милијарди долари денес вреди (ни најмалку занемарливи) 991 милион долари.

Како и секоја добра пирамидална шема ФТХ цело ова време успешно функционира се додека не почнат посериозните проблеми од кои нема назад.


Или:

14 ноември 2022 - 10:03