Економистот од Џон Хопкинс Универзитетот на 20 февруари на Твитер напиша „Само запаметете - биткоинот не е ништо повеќе од крајно шпекулативно средство со основна вредност од НУЛА!“ Ова е честа критика. На 8 март, Џим Харпер од Американскиот ентерпрајз институт, му одговори на Ханке со блог пост кој во основа пишува дека, да, тоа е точно, но исто така ниту едно друго средство нема никаква фундаментална вредност.
„Ништо нема основна или суштинска вредност. Луѓето сами решаваат што е вредно врз основа на нивната ситуација и плановите. Агрегирано, тие решаваат што е вредно на ниво на општество,“ пишува Харпер.
Харпер својата одбрана на биткоинот ја базира на „субјективната теорија на вредноста“ која главно ги става на страна претпоставките за вредноста кои се базираат на тоа колку труд (а понекогаш и капитал) се потребни за нешто да се создаде. Субјективната теорија на вредноста, пишува Харпер, „е увид од неверојатна важност не само за економијата, туку и за слободата, напредокот и човештвото во целост. Тоа е затоа што е неопходна агрегираната одлука на поединците околу тоа што купуваат и продаваат како примарен извор за информацијата за тоа што треба да биде купено или продадено.“
Харпер делумно е во право. До одреден степен убавината зависи од тоа кој гледа. Меѓутоа за разлика од биткоинот, од некои работи сами по себе има корист - пример мост, или хектар соја, или издржлив чифт чевли. Опсегот на вредности што разни луѓе ги ставаат на опипливи, продуктивни предмети е далеку помал отколку речиси бескрајниот обем на вредности што луѓето го ставаат на биткоинот. Субјективноста станува важна токму кога ниту една мерка на вреднување не може да се аплицира.
Тоа нè носи до Вилен Буитер, поранешниот главен економист на Ситигруп, кој на 12 февруари напиша колумна за ПС (Project Syndicate) наречена „Шредингеровиот биткоин,“ што алудира на мисловниот експеримент на Ервин Шредингер за квантната теорија, според кој мачка во кутија во исто време може да се смета и за жива и за мртва се додека некој не ја отвори кутијата и да погледне внатре. Тоа е врвот во субјективноста.
Како и Ханке, Буитер пишува „и покрај неодамнешниот спектакуларен раст на цената, биткоин ќе остане средство без никаква суштинска вредност чија пазарна вредност може да биде што било или ништо“. За разлика од Харпер нему тоа не му е ок. Буитер, професор по меѓународни и јавни работи на Универзитетот Колумбија, пишува дека биткоинот, како доларот или еврото, се фиат (декретни) пари, кои не се врзани ни со златото ниту со кое било друго цврсто средство. Разликата е во тоа што доларот и еврото имаат централни банки кои се обидуваат да ја стабилизираат нивната вредност. Биткоинот нема.
Буитер пишува дека во моментот биткоин покажува „варијанта на неоснована рамнотежа на експлозивна цена.“ Тој вели дека од ова работата може да се претвори во спротивното „не-толку-финото-нула-цена-сценарио“. Или со малку среќа би можело да се претвори во стабилен неутрален терен, како нормална валута. Тој пишува: „реалниот свет секако не е ограничен од опсегот на можната рамнотежа базирана на меинстрим економската теорија. Меѓутоа токму тоа е она што го прави биткоинот уште поризичен за инвестирање.“
Сојата и издржливите чевли изгледаат подобро во споредба со ова.