Таг: биткоин

Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

Биткоин богатството од половина милијарда долари скриено на депонија

Во август 2013, пред да оди на одмор со другарите Џејмс Хауелс од Велс решава да ја расчисти својата домашна канцеларија. Собира секакви ситници расфрлани наоколу, од хартии и документи, до компјутерски кабли, расипан маус и еден хард-диск од некој негов стар Дел лаптоп. Девет години подоцна, Хауелс се уште се обидува да дојде до дискот.

Малезија уништи 1,6 милиони долари опрема за копање биткоин... со валјак

Опремата е запленета, а потоа и смачкана, затоа што работела на крадена струја.

Ел Салвадор го призна биткоин

Конгресот на Ел Салвадор го изгласа законот со кој биткоин ќе биде признаен како платежно средство во земјата, со што стана првата држава во светот која формално прифатила дигитална валута.

Од сега Тесла може да се купува со биткоин

Прво Илон Маск објави на Твитер, а потоа и на сајтот на Тесла беше додадена опција посакуваното возило да се плати со биткоин. За сега опцијата важи за САД, а до крај на годината би важело глобално.

Биткоинот има нула суштинска вредност

Критичарите на биткоинот велат дека тој нема никаква вредност сам по себе, меѓутоа тие што го бранат... всушност... голем број од нив се согласуваат со ова. И тоа може да те прави нервозен ако си со голема инвестиција во биткоин или мислиш да влегуваш во тоа за прв пат.

1 биткоин стана поскап од 1 кило злато

Надминувајќи ја границата од 58.000 долари, биткоинот сруши еден од највпечатливите рекорди во своето постоење – за момент имаше поголема вредност од златото.

10 години од најтрагичната и најскапа нарачка на пица

Во 2011-та дечко прави он-лајн нарачка за пица во Доминос, која според негова проценка го чини разумни 917 илјади долари. Нарачката во оригинална сума е неполни 18 долари, меѓутоа тој како показна вежба решава да ја плати во биткоин, па по тогашен курс му излегува 19,12 биткоини. Пред некој ден криптовалутата ја мина границата од 48.000 долари за биткоин.

Биткоин скокна на 44.000 долари по ишаретот од Тесла

Новиот рекорд за вредноста на биткоин ја надмина границата од 44.000 долари откако Тесла објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари во криптовалутата.

Некој само што испразни биткоин паричник со 964 милиони долари во него

Не е познато дали во прашање е хакер што го направил грабежот на векот или некому одеднаш му текнало дека има речиси милијарда долари во биткоин.

Нема биткоин без биткоин драма

Во декември 2018 ненадејно почина еден биткоин тајкун на чие име имаше 145 милиони долари во биткоин. Проблемот е што овие 145 милиони долари уште се на негово име.

Најголемата слабост на биткоин е што никој не користи биткоин

Иако се повеќе компании дозволуваат плаќање со биткоин како со регуларни валути, криптовалутата упорно се штека и се чува за вадење на потенцијален ќар од нејзиниот (секогаш) очекуван раст на берзите.

Кина е на пат да го укинува копањето биткоин

За властите оваа активност претставува „сериозни залудно потрошени ресурси“, што е доволна причина за копањето биткоин да биде забрането. Шансите за ова само се зголемуваат кога ќе им се накалеми и загадувањето.

Најголемиот дел од тргувањето со биткоин е превара

Ова најголем дел е 95% од вкупното тргување со биткоин и според последните ревизии тоа се врши преку нерегулирани берзи.

Од биткоин во празно

По последните пресметки вредноста на биткоинот е пониска отколку трошокот за негово копање. Во основа сега копањето биткоин се исплати само ако на диво земаш струја од бандера, или ако некој реши да ти ја плати сметката за струја.

Звукот на крипто-валутите

Вредноста на биткоинот обработена преку генератор на звук. Не се препорачува за луѓе што инвестираа во најскапото и на крај завршија со греалка на погон од графички карти.

Цената на биткоинот лани била вештачки зголемувана

Концентрирана кампања за манипулација на цената најверојатно е одговорна за најмалку половина од растот на цената на биткоинот и останатите криптовалути во 2017, се тврди во истражување изработено од академик кој има цело портфолио на откриени измами на финансиските пазари.

Како Вајард изгуби 100.000 долари во биткоин

Во 2013, кога се уште е возможно по дома да копаш биткоин, Вајард на тестирање добива уред за копање. За кратко време, машината успева да ископа биткоин со денешна вредност од 100.000 долари (што значи пред пола година приказнава ги болела 3 пати повеќе). И потоа засекогаш ги губат парите.

Половина процент од комплетната глобална потрошувачка на струја оди на биткоин

Иако 0,5 како 0,5 не звучи нешто страшно, многу е поинаку кога ќе го ставиш во перспектива на половина процент од сè што годинава ќе потроши струја на планетава од Индија и Кина до Америка.