И покрај тоа што вкупна пазарна вредност, моментално, надминува 1.200 милијарди долари, и понатаму останува мистерија кој е човекот што го создаде биткоинот. Автор на документарецот е Кулен Хобак, истиот човек кој во својот претходен документарец „Q: Into the Storm“ ги откри авторите на КуАнон заговорот.
Можното идентификување на Сатоши би го направило него потенцијално соучесник во бројни криминали во кои се користел биткоинот, но и еден од најбогатите луѓе на светот, бидејќи се проценува дека Сатоши контролира околу 1,1 милион биткоини што е некаде околу 66 милијарди долари по сегашен курс.
Биткоин магазин пишува дека како што се приближува денот на премиерата, така и паричници од „Сатоши ерата“ се активни за прв пат од 2009. Изминативе две седмици од нив се извадени околу 250 биткоини, со вкупна вредност од околу 15 милиони долари. Од магазинот објаснуваат дека ова не се паричници директно поврзани со Сатоши, меѓутоа би можеле да бидат на некој од неговите најрани соработници.
Во времето на создавањето на биткоинот Сатоши е активен на повеќе интернет бордови и меил групи, каде и го објавува документот за биткоин технологијата на 31 октомври 2008. Од тогаш работи на создавање заедница околу неговата технологија, во која учествуваат главно експерти за криптографија и кодирање.
Во 2010 Сатоши се повлекува од сцената и никогаш повторно не се огласува. Неговата последна јавна порака е до Викиликс, од кои бара во својата работа да не го вклучуваат биткоин бидејќи се работи за технологија во зародиш и постои опасност тој да биде уништен под притисок од јавноста.
Од тогаш има бројни обиди за откривање на вистинскиот идентитет на Сатоши, меѓутоа ниту еден не успева.