Компјутерџии успеаа да пробијат биткоин новчаник со 3 милиони долари

Овој пат се работи за добра вест бидејќи сопственикот на новчаникот го имал заборавено пасвордот за пристап до него, а компјутерџиите работеле по негова нарачка.

Неименуваниот сопственик на биткоин новчаникот го заборавил пасвордот пред 11 години. И во тоа време ова не е нешто страшно бидејќи сумата што ја има во него не е некои големи пари (3-4 илјади долари). Проблемот е последниве години кога вредноста почнува да расте и сега достигнува до 3 милиони долари.

Во новчаникот има 43,6 биткоини, а истиот е пробиен од инженерот Џо Гранд, кој во 2022 имаше сличен успех кога му помогна на човек да дојде до своите 2 милиони долари заглавени во новчаник со изгубена лозинка.

Гранд објаснува дека лозинката била генерирана од Робоформ, а тој искористил алатка направена од американската НСА да го расклопи кодот на генераторот на пасворди.

„Во совршен свет, кога генерираш пасворд со генератор на пасворди, очекуваш секој пат да добиеш уникатен, рандом резултат што никој друг го нема.

Меѓутоа во оваа верзија на Робоформ, не беше таков случајот.

Иако пасвордите на Робоформ изгледаат како да се рандом генерирани, не се. Кај постарите верзии на софтверот ако можеме да го контролираме времето, можеме да го контролираме и пасвордот,“ објаснил Гранд.

Тој објаснува дека во крајна линија неговиот успех бил на среќа.

 

4 јуни 2024 - 11:16