Таг: крипто-валути

Компјутерџии успеаа да пробијат биткоин новчаник со 3 милиони долари

Овој пат се работи за добра вест бидејќи сопственикот на новчаникот го имал заборавено пасвордот за пристап до него, а компјутерџиите работеле по негова нарачка.

Хрчак ги растури Ворен Бафет и Вол Стрит во тргување

Теоријата што ја тестира проектот е дека мајмун со затворени очи да фрла пикадо во извештај од берза ќе има добри резултати како и човек што професионално се занимава со трговија на акции. И така излезе.

Ел Салвадор го призна биткоин

Конгресот на Ел Салвадор го изгласа законот со кој биткоин ќе биде признаен како платежно средство во земјата, со што стана првата држава во светот која формално прифатила дигитална валута.

1 биткоин стана поскап од 1 кило злато

Надминувајќи ја границата од 58.000 долари, биткоинот сруши еден од највпечатливите рекорди во своето постоење – за момент имаше поголема вредност од златото.

Нема биткоин без биткоин драма

Во декември 2018 ненадејно почина еден биткоин тајкун на чие име имаше 145 милиони долари во биткоин. Проблемот е што овие 145 милиони долари уште се на негово име.

Звукот на крипто-валутите

Вредноста на биткоинот обработена преку генератор на звук. Не се препорачува за луѓе што инвестираа во најскапото и на крај завршија со греалка на погон од графички карти.

Половина процент од комплетната глобална потрошувачка на струја оди на биткоин

Иако 0,5 како 0,5 не звучи нешто страшно, многу е поинаку кога ќе го ставиш во перспектива на половина процент од сè што годинава ќе потроши струја на планетава од Индија и Кина до Америка.

УНИЦЕФ сака да копате крипто-валути за децата од Сирија

За седум години војна во Сирија загинаа стотици илјади луѓе, се раселија и домот го загубија десетици милиони луѓе. Тоа што војната изгледа како да привршува, не значи дека на овие десетици милиони раселени и бегалци што било им е решено.

Неколку теории зошто цената на биткоинот падна речиси за половина

Изминатава недела вредноста на биткоинот се намали за 25%, а изминатиов месец за вкупно 46%. Вчера беше посебно трагичен ден бидејќи цената на крипто-валутата се симна под 10.000 долари. Во најдобрите денови малку фалеше биткоинот да достигне 20.000 долари.

Биткоин, етереум и речиси сите други крипто-валути се во слободен пад

Цената на биткоинот е намалена за 15% и за прв пат од 4-ти декември е под 12.000 долари, етереум падна за 20% и се движи нешто над 1.000 долари.

Кина планира да стави крај на копањето биткоин на нејзина територија

Со тоа што 70 од глобалното копање биткоин отпаѓа на Кина, таа е најважната земјата за секојдневното функционирање и цена на крипто-валутата. Од ваква позиција Кина има намера да го укине копањето биткоин кај нив дома.

Криптоџекинг, или како сајтови го користат вашиот браусер за копање биткоин

Овој „криминал“ со години главно беше резервиран за апликации што со часови седат вклучени на вашиот компјутер (здраво Ми-торент) кои собирајќи делови од процесорската моќ на милиони свои корисници, копаа биткоин за своја сметка. Есенва криптоџекинг стана крајно популарен и за веб-страните.

Биткоинот троши повеќе струја од Македонија

Копањето биткоини троши повеќе електрична енергија од 159 држави во светов. На пример Ирска, на пример Македонија. Ако продолжат сегашните трендови, оваа операција ќе ја исцица цела струја до 2020 година.