Во случајов не е мајмун, туку е хрчак, по име г-дин Гокс, кој од јуни „тргува“ со најразлични криптовалути и до викендов неговото портфолио е во плус од речиси 24%. Со овие бројки, хрчакот направил поголем профит од биткоин или од S&P 500 индексот во истиот период.
Хрчакот е од Германија, а не е познато кој е негов сопственик и кој го составил проектот. Инаку целата трговија се одвива преку крипто-кутија ставена во куќарката на Гокс, во која тој изведува најразлични активности кои потоа автоматски извршуваат разни команди за трговија со криптовалути. Гокс има опција кога сака да влезе во кутија и да тргува, без никакви ограничувања.
На располагање му се „тркалото на намери“ кое избира една од 30-те криптовалути за тргување. Откако ова е избрано, хрчакот трча низ еден од двата „тунели на одлука“ во кои се одредува дали да ја продава или купува избраната криптовалута.
Портфолиото на Гокс на почеток вреди околу 330 евра, а системот е наместен секое следно тргување да биде со автоматски скок на сумата од 20 евра.
До петокот портфолиото на Гокс беше во плус од 77 евра, а пикот го достигна во средината на септември кога за помалку од три месеци тргување стигна до речиси 500 евра, или ќар од околу 50%, што е подобро од биткоин, Насдак 100, Беркшир Хатавеј и S&P 500.