Џералд Котен е ко-основачот на берзата за криптовалути Куаринга ЦХ. Котен умира минатата година како последица на кроновата болест. Во времето на неговата смрт, Куаринга е една од најголемите канадски берзи на криптовалути, а денес е во банкрот повлекувајќи ги со себе и парите на клиентите.
Целата работа заглавува кај 145-те милиони долари, кои се на сметката на Котен, а до кои компанијата не може да стигне.
Сега адвокатите на корисниците кои ги изгубија парите (околу 100.000 корисници) со пропаѓањето на берзата, бараат од канадските власти да го откопаат телото на Котен, со цел да се утврди дали навистина тој е закопан (и дали воопшто човекот е мртов).
На ова претходеше одлуката на тамошните судови дека имотот на Куаринга ќе биде дел од парите со кои ќе се покријат корисниците. Најголемиот дел од парите од корисниците со кои работеше Куаринга се складирани на офлајн сметки познати како „ладни паричници“, што е еден од методите за заштита од хакери. Според компанијата Котен е единствената личност со пристап до овие паричници.