Според коинмаркеткап.ком, сајтот што полека станува главно место за проверка на цените на крипто-валутите, само една од топ 100-те по вредност крипто-валути нема забележано минус во последните 24 часа. (Ако ве интересира, тоа е Тетер).
Биткоинот е паднат за повеќе од 8.000 долари од неговата рекордна вредност од 16-ти декември, кога достигна речиси 20.000 долари.
И покрај вака застрашувачкиот пад на биткоинот, мерено во проценти тој има најмала загуба во споредба со останатите топ 20 крипто-валути.
Коментарот на Течкранч околу целата работа е: „Како и сите работи поврзани со цените на крипто-валутите, не е јасно што стои зад овие промени.“
Во шпекулаците се објаснува дека причина е што неодамна беше објавено дека Кина се подготвува да им забрани на домашните интернет корисници да пристапуваат до меѓународните биткоин берзи, откако минатата година беше забрането работењето на сите домашни берзи. Во исто време протекоа и плановите на кинеските власти за запирање на копањето биткоин во Кина, на што отпаѓа најголемиот дел од копањето во светот.
На ова може да се додадат шпекулациите дека има Јужна Кореја има планови да ги регулира крипто-валутите, што подоцна беше негирано од тамошните власти.