Економистот Алекс де Ври ја прави првата ригорозна и академски проверена студија на тема енергетски потреби на биткоин, наспроти досегашните „пресметки на салфетка“.
Според студијата објавена во журналот Џул, минималната потрошувачка на биткоин мрежата изнесува 2,55 гигавати, што е еднакво на целата потрошувачка на струја на Ирска.
За до крај на година, пресметките се дека потрошувачката ќе порасне на 7,7 гигавати.
Или на поситно, една биткоин трансакција троши отприлика исто струја колку и просечно холандско домаќинство за еден месец.
Сепак, ова нема да оди до недоглед, по основа дека „економските принципи налагаат дека комплетната биткоин мрежа со тек на време ќе достигне израмнување по кое трошоците за хардвер и струја потребни за копање ќе бидат исти со вредноста на биткоинот што го копаат.“