Врвот што го достигна цената на биткоинот во неделата беше 58.113,20 долари (за 1 биткоин), а со златото се разминаа на 57.363,64 долари (за 1 килограм). По ваквиот пик, биткоин за неколку часа повторно „клапна“ на околу 55.000 долари.
Во својот врв вкупната пазарна вредност на биткоин за прв пат ја надмина сумата од 1.000 милијарди долари. По овој курс, целиот биткоин на светот има вредност од 10% од целото ископано злато на светот.
Паралелно со рекордната цена се случи и еден пообемен трансфер, во кој од 4.501 биткоин со вкупна вредност од 250 милиони долари беа префрлени од сметка на Коинбејс во непознат паричник.
Вкупно во изминатите 24 часа, од Коинбејс беа извадени 17.700 биткоини со вредност над 1 милијарда долари.
Да не биде дека биткоин му се клања на Илон Маск, меѓутоа и последниот негов скок следуваше по една Твитер преписка на Илон, со првиот човек на Шиф голд, Питер Шиф, околу разликите и стабилноста меѓу декретни (фиат) пари зад кои стои некоја влада или централна банка и криптовалутите, зад кои стои којзнае кој.
Ставот на Маск главно е дека вредноста на што и да е се темели на тоа дали човештвото се договорило дека тоа нешто е вредно и колку, пример како златото пред илајдници години (или банкнотите пред стотина години). За појасно тој го сподели следното видео: