Кина планира да стави крај на копањето биткоин на нејзина територија

Со тоа што 70 од глобалното копање биткоин отпаѓа на Кина, таа е најважната земјата за секојдневното функционирање и цена на крипто-валутата. Од ваква позиција Кина има намера да го укине копањето биткоин кај нив дома.

Во тазе протечените документи од кинескиот регулатор на интернет финансии се наведуваат инструкции за властите како да ги присилат компаниите да престанат со копање биткоин преку мерки како повисоки цени за струја, дополнителни даноци и заштита на околината.

Копањето биткоин е „процес на решавање комплексни математички равенки со цел да се верификуваат и запишат трансакциите“, преку верификување на овие трансакции копачите заработуваат биткоин.

Позицијата што Кина ја доби кај биткоинот се должи претежно на евтината цена на струјата, што е и причината зад овие 70% од целото копање на крипто-валутата.

Ваква забрана ќе има директно влијание на цената на биткоинот, бидејќи колку помалку „копачи“ има толку ќе биде полесно ископувањето биткоин, што значи дека ќе биде потребна и помалку електрична енергија.

Според документот, одлуката за забрана е донесена во ноември минатата година.

 

12 јануари 2018 - 16:16