„Луѓето ги гледаат криптовалутите и кажуваат дека пазарот е во хаос; тоа е затоа што гледаме податоци што се манипулирани. Кога ќе излезеш од еко-комората на овие безвезни бројки, треба да добиеш ефикасен, добро регулиран пазар,“ објаснува првиот човек за истражување на Битвајз, Метју Хуган, компанијата што ја спровела студијата.
Анализата покажала дека „во основа целиот обем на трговија“ пријавен на 71 од 81 берзи бил „перење“, термин кој се користи за да опише човек кој истовремено го продава и купува истиот биткоин за да создаде впечаток на активност на берзата.
Овие берзи пријавиле вкупно 6 милијарди долари во просечен дневен обем на биткоин трговија. Студијата открива дека само 273 милиони долари од овие трансакции биле легитимни.