Само 1,3% од трансакциите на биткоин во првите 4 месеци од 2019 отпаѓаат на трговци, и тоа е отприлика истиот тренд што важи во последните 2 години.
Податоците на Чејнаналисис покажуваат дека главен фокус на сопствениците на биткоин се шпекулации и играње на берза, посебно откако неговата цена порасна за 50% во последниве неколку недели.
Маката со трупањето биткоин е што на тој начин криптовалутата не го добива потребното внимание и „хајп“ како електронска алтернатива на обични пари, туку околу себе развива култура на штедачи кои ги акумулираат биткоин за работа со него на берзите, наместо секојдневно да го трошат.
„Економската активност кај биткоинот продолжува да е доминирана од трговија на берзите. Ова покажува дека главната употреба на биткоин останува шпекулативна, а меинстрим користењето за секојдневни купувања се уште не е реалност,“ објаснуваат од Чејнаналисис.