Среќата и несреќата на Коинбејз се паралелни со движењето на глобалниот пазар на криптовалути, па кога криптото издиша минатата недела компанијата за неколку дена изгуби половина од својата вредност.
Пред 13 месеци, не денот на излегување на берзата, акциите на Коинбејз чинеа 429 долари по акција. Во средата, цената на една акција на Коинбејз беше 53 долари.
Проблемот на Коинбејз е дали крахот на криптопазарот е дел од неговите вообичаени флуктуации или тие се последица на пост-пандемиско издишување на крипто балонот.
За сега процената на аналитичарите е дека Коинбејз ќе продолжи да губи пари и во претстојните квартали и дека на минусот ќе влијае и тоа што „лошите страни на претстојното регулирање на криптовалутите ќе бидат значително поголеми од добрите страни.“
Регулирањето на крипто пазар и валути, во повеќе наврати го потврдува и американската министерка за финансии, која постојано зборува за неопходен владин надзор врз пазарот, што најверојатно ќе се случи во следните шест месеци.