Бидејќи со сегашната цена на струјата и сегашната издишана цена на разни крипто-валути нема никаква логика да се вклучат „копачите“ а не па да се остават да работат, кинеските и јужно азиските копачи на крипто почнаа да ги растураат машините (и погоните) што ги имаа и да распродаваат картици колку да вратат некоја пара.
Без разлика на цената по која се нудат, без разлика на гаранцијата што ја даваат и тоа што стварно се оригинали, главно препораката е дека не треба на старо да се купуваат графички што биле користени за копање крипто: