Кратенката за овој коин е ИЦП, а се наоѓа на 8-мо место на рангирањето на Коинмаркеткап. Моменталната вредноста на ИЦП е околу 330 долари, а максимумот му изнесува 731 долар за еден интернет компјутер.
Прокламираната цел на технологијата зад ИЦП е да му дозволи на секого, од програмери до автори на содржини, писатели и уметници, да објави што сака на интернет, без да мора за тоа да минува преку гиганти како Амазон и Фејсбук, или да користи сервери или облак услуги.
Според основачот на проектот, Доминик Вилијамс, намерата е да се избегнат корпоративните оградени градини кои се користат за оваа намена и да се намалат трошоците. Корисниците потенцијално би можеле врз ИЦП да изградат социјални мрежи и други сервиси кои би им конкурирале на интернет гигантите.
Мрежата зад ИЦП користи паметни договори (програми кои неповратно извршуваат задачи), со што директно му конкурира на Етереум, за сега најголемиот коин што користи паметни договори.
Пуштањето на интернет компјутер се случува во време на досега невиден подем на криптовалутите. Вкупната вредност на пазарот на криптовалути изнесува 2480 милијарди долари. На почетокот од годината, тој беше нешто под 1000 милијарди долари.