Целата приказна околу крипто-Ружа е мегаломанска, таа трга на глобална турнеја, на пример успева да го наполни Вембли стадионот, каде убедува луѓе да инвестираат, а има инвестиции од вкупно 175 држави (најголемиот дел од парите доаѓаат за време на 6-месечната турнеја низ светот).
Ружа на Вембли:
Според документите Ружа успева да собере 111 милиони евра од британски инвеститори (главно пензионери и нивни блиски роднини кои вложуваат цела заштеда во шемата), од Кина собира 427 милиони евра, а не минува лошо ниту во Јужна Кореја, Хонгконг и Германија. Приказната е потрагична ако се има предвид дека таа има значителен прилив и од ни приближно богати држави како Виетнам, Бангладеш, Уганда, а и Македонија.
Дури на почетокот од 2019 САД ја обвинуваат Ружа во отсуство за перење пари, а според Департманот за правда Уанкоин не е ништо повеќе од пирамидална шема. (На пример на презентацијата на Вембли, таа на „верниците“ им ветува дека Уанкоин ќе биде валута „без граници, безбедна и лесна за користење“.)
Би-би-си има подкаст серија од неколку епизоди кои детално ја обработуваат целата измама околу Уанкоин и Ружа Игнатова. Клик тука за преслушување.