Зборувајќи за "нутриционистичкиот кошмар" на детските менија на Мекдоналдс, Венди и Бургер кинг, ЦЕО-то Рон Шаик во интервју за Бизнис инсајдер порачува:
"Сакам да ги прашам нив дали стварно би јаделе цела седмица од нивното детско мени? Дали би ги нарачале за појадок, ручек и вечера, три оброци на ден во рок од седум дена?
Што мислиш каква е хранливата содржина на оброците што ќе ги јадете. Нели имаш проблем со тоа? И ако имаш проблем, зошто тогаш би им ја служел на деца?
Мислам дека рекламите насочени кон деца треба да бидат 100% забранети. Не би требало да им продаваме на деца користејќи ликови од цртани, и не би требало да ги залажуваме со играчки и ситници."
Без разлика колку е искрен предизвикот, тој истовремено е дел од промоцијата на новото мени за деца на Панера, во кое ланецот пекари нуди 250 различни "чисти" оброци.