Менито на МекДоналдс има салати од пред речиси една деценија и од тогаш и покрај жестоката кампања за нивна промоција тие не успеваат да ја пробијат границата од 3% од вкупната продажба на рестораните низ САД.
Воведувањето на салатите беше со цел да се среди "нездравиот имиџ" што го имаше компанијата, но и да помогне да се привлечат нови корисници.
Финансискиот дел од планот не успеа комплетно, а некои од понудените салати веќе се тргнати од менито, како дел од неговото кратење со цел да се намалат трошоците.
Според Ројтерс, моментално еден од најголемите проблеми е самата големина на МекДоналдс заради која е тешко да се експериментира со нови работи во менито, што е една од областите во која нивната конкуренција има сериозна предност. Дополнителен проблем е што некои оброци понудени на менито (McWrap) се премногу компликувани за правење и ја забавуваат услугата.