Конзјумер Репорт прашува 32.400 претплатници за нивното искуство во 65 ресторани за брза храна и фаст-кежуал ресторани. Резултатите се: МекДоналдс има најлоши хамбургери, КФЦ има најлошо пилешко, а Тако Бел најлошо бурито. Прашањето било: "На скала од 1 до 10, од најмалку вкусно до највкусно што некогаш сте го јаделе, како би го оцениле вкусот на нивното главно јадење."
Ако ги прашуваш потрошувачите, најдобар бургер има The Habit Burger Grill со просечна оценка од 8,1, In-N-Out Burger добил 8-ца, а Five Guys Burgers and Fries завршиле со 7,9. Заковани на последно место се МекДоналдс со оценка од 5,8.
Истражувањето пресметува дека годишно Американците трошат 683 милијарди долари на јадење надвор од дома, и дека во последно време почнале да бараат подобар квалитет на храната и поголема разновидност на понудата од рестораните кои ги посетуваат.
За разлика од пред 3 години (од кога е последната ваква студија), сега на Американците локацијата им е помалку важна, и тие се спремни да минат поголеми далечини за да најдат вкусен оброк.
Посебен скок има во задоволството од фаст-кежуал рестораните како Чипотле и Панда Експрес, кои нудат повисок квалитет на храна и подобра услуга по поскапи цени.