Ако МекДоналдс ти е прва работа и работиш полно работно време, платата (за најниските позиции) изнесува 1.105 долари. Во основниот план што го препорачува МекДоналдс, стои дека треба да имаш и втора работа, повторно за минимална плата, од која ќе вадиш уште 955 долари.
Под претпоставка дека човекот е вработен во Илиноис, каде што минимумот е 8,25 долари, ова би значело дека за плата од 2.060 долари ќе треба да работи 62 часа неделно.
Иако парите на прва изгледаат многу (барем за нас), во примерот на МекДоналдс од овие 2.060 долари, цели 1.260 долари одат за сметки во кои се вклучени 100 долари за штедење, 600 долари за кирија или хипотека и 150 долари за рата за кола, меѓутоа не се вклучени трошоци за греење.
По ова, од минималецот од две работи ти остануваат 800 долари за останатите трошоци, како храна, облека, бензин или медицински проблеми.
Додека на сајтот, направен во соработка со Виза, компанијата се обидува да ги утеши вработените дека "можеш да имаш речиси се што сакаш се додека планираш однапред и штедиш за тоа," о Консумерист пишуваат дека "во основа секоја точка од овој буџет е недостижна."
"Патот до финансиската слобода, според Виза и МекДоналдс, предвидува гасење на вашето греење, да не се купува храна, немање деца, никогаш да не се разболеш и да најдеш на втора работа," пишува Ени-Роуз Страсер.