Во 1998-ма МекДоналдс инвестира во компанијата со ресторани на 14 локации. До 2005-та тие помагаат Чипотле да има вкупно 500 ресторани низ САД и имаат 90% од фирмата.
Една година подоцна МекДоналдс решава да го продаде својот удел и да се одвои од синџирот бурито ресторани. Денес Чипотле има над 1.800 локации.
На годинешниот состанок со акционерите на МекДоналдс, еден од присутните го праша ЦЕО-то на компанијата зошто се имаат откажано од Чипотле. На ова, ЦЕО-то Стив Истербрук, одговара дека Чипотле им било дистракција.
"Во тоа време Чипотле и останатите концепти, како Бостон Маркет, ни го одвлекуваа вниманието од главниот бренд. Директорите на компанијата сакаа сите да вложат 100% од својот труд во МекДоналдс брендот, заради што ги продадоа акциите во компанијата," ја парафразира магазинот Ентерпренур изјавата на Истербрук.
Меѓу бројките кои ја потврдуваат штетноста на одлуката се и статистики како таа дека продажбата во постојните ресторани на Чипотле во 2014-та пораснала за 16%, додека на МекДоналдс во истиот период паднала за 1%.
Во интервју за Блумберг, основачот и ЦЕО на Чипотле, Стив Елс, објаснува дека има "две големи работи кои тие различно ги прават. Прво е начинот на кој и пристапуваат на храната, и второ е начинот на кој им пристапуваат на вработените. Токму комбинацијата на овие работи, мислам дека нè прави успешни."