Кока Кола и Мек кренаа раце од Блатер

И покрај тоа што најголемите спонзори на ФИФА, Кока-Кола и МекДоналдс го повикаа да замине од функцијата, Сеп Блатер не размислува да стане од фотелјата.

Најголемите компании кои ја спонзорираат ФИФА, Кока-Кола, МекДоналдс, Виза и Бадвајзер едногласно побараа од 79-годишниот Швајцарец да го отстапи местото претседател на светската фудбалска унија поради корупциските скандали.
 
Во меѓувреме, адвокатот на Балтер во петокот објави соопштение во кое наведува дека Блатер никаде не мрда.
„Иако главниот спонзор на ФИФА, Кока-Кола побара оставка, г-дин Блатер не се согласува со тоа и цврсто верува дека неговото напуштање на претседателската канцеларија не е во најдобар интерес на ФИФА ниту пак би донел развој во реформите. Тој не дава оставка“, стои во соопштението.
Компаниите се решиле да му откажат послушност на Блатер откако швајцарските власти отворија истрага за криминалот на Сеп Блатер. „Заминувањето на г-дин Блатер ќе овозможат несметано започнување на реформите“, пишуваше во дописот од Кока-Кола во петокот.
 
Кока-Кола се решила на таков потег, откако Блатер одбил основање на независна комисија која што би ги истражила тврдењата за мито и корупција во ФИФА. Кока-Кола, МекДоналдс и Виза годишна плаќаат по 10 милиони фунти во ФИФА. „Како поминува секој ден, така сликата и репутацијата на ФИФА продолжува да тоне“, додаваат од Кока-Кола.
 
Сеп Блатер кој на чело на ФИФА е од 1998. година, планира да остане на тоа место до февруари следната година за кога се закажани претседателските избори. Блатер во меѓувреме изјави дека нема да поднесе кандидатура за нов мандат. Минатата недела судот во Швајцарија соопшти дека Блатер е осомничен за нелегално префрлање на 1,3 милиони фунти на сметка на претседателот на УЕФА Мишел Платини. Уплатата била неколку недели пред Французинот да одбие да му биде противкандидат на Блатер во 2011. година.
3 октомври 2015 - 15:16