Во 2014-та слично му се случи и на МекДоналдсот во Тузла. Генерално причината е што ресторанот моментално е прескап за ситуацијата во БиХ, "и ценовно тешко може да се носи со домашните ќебапи и другите специјалитети на скара."
Од компанијата која ја носи франшизата за МекДоналдс, Дримфудс, објаснуваат дека ресторанот го затвориле од "бизнис причини," меѓутоа нема да престанат да го промовираат брендот во БиХ и веќе размислуваат за негово отворање на друго место.
Во отворањето на ресторанот во Бања Лука беа потрошени речиси 1,3 милиони евра.