Мекдоналдс задржува околу 82% од приходите генерирани од франшизите, наспроти само 16% од приходите од рестораните што Мекдоналдс директно ги работи. Ваквата разлика првично се должи на трошоците за работење на која било локација, и е една од причините зошто бројот на првите расте, а на вторите е во постојан пад.
Во 2015, во анализа на Мекдоналдс франшизата се покажува дека просечен ресторан има приходи од околу 2,7 милиони долари од годишно, од кои остануваат околу 1,7 милиони долари профит откако ќе се одземат трошоците за храна. Потоа од овие пари треба да се одземат други трошоци како: кирија, плати, рекламирање, промоции, залихи, осигурување и останато.
Просечната кирија што ја плаќаат рестораните е околу 22% од годишниот профит. А на светско ниво компанијата има повеќе од 36.000 локации во над 100 земји во светот.
"Подобро кажано Мекдоналдс има повеќе од 30 милијарди во недвижности и годишен профит од околу 4,5 милијарди долари," пишува Чејс Пурди во Кварц.
Освен парите од работењето, ваквата стратегија му вади ќар на Мекдоналдс и од даночни олеснувања кои според американските закони им следуваат на сопствениците на недвижности. Плус, на долг рок речиси задолжително се зголемува вредноста на недвижностите. Барем таков е трендот со објектите на Мекдоналдс во последните 20 години.