Моментално во земјата функционираат три типа на продавници:
- државни, во кои важат строги правила и можеш да купиш храна само во одредени денови од неделата, на што му претходи неколку часа чекање во редови, и никој не ти гарантира дека ќе има кога ќе дојдеш на ред.
- приватни, во кои можеш секој ден да купуваш, ама се многу поскапи, а и покрај тоа не се доволно снабдени и има недостаток на производи.
- пазар на црно, кој според Сиенен е "нелегален и опасен" а цените може да се и до 15 пати повисоки отколку во државните продавници.
Иако просечната месечна плата во земјата не е ни најмалку смешна, 1500 долари, Сиенен по "прошетка" по пазарот на црно заклучува дека таа не доволна ниту за една недела храна.
Цените кои ги дознава новинската мрежа се: