А не му е првпат

Се вика Вуилкер Фарињез, има 21 година и брани за репрезентацијата на Венецуела и клубот Милионариос во Колумбија. Фарињез правеше чуда на мечот од Копа Америка против Перу и е најзаслужен за бодот на неговата селекција.

Погледнете што направи пред пар месеци во дербито на Колумбија со Насионал:

***

Пред две годин Вуилкер ја однесе младинската репрезентација на Венецуела до финалето на младинското (U-20) Светско првенство. Во првите четири меча на турнирот тој не примил ниеден гол (против Германија, Мекиско, Јапонија и Вануату). Во полуфиналето бранел лудо пенали против Уругвај, а во финалето потклекнал против силната младинска селекција на Англија и примил само еден гол.

17 јуни 2019 - 09:06