Човек А: Што? Зошто да не??
Човек Б: Затоа што тој секогаш само прави да биде полошо. И ти го знаеш тоа! Секој пат кога сме го пратиле Годзила да ги решава светските проблеми, тоа завршува со рушење на цел град, уривање згради и убивање илјадници луѓе со неговиот атомски зрак.
Човек А: Може овојпат ќе биде поинаку!
Човек Б: Зошто побогу би помислил дека сега ќе биде поинаку?? Рече дека ќе биде поинаку во Ирак, во Либија, во Сирија. Што се случи таму?
Човек А: Ги разруши градовите, уриваше згради и убиваше луѓе со атомскиот зрак.
Човек Б: Токму така! Па зошто тогаш мислиш дека сега ако го пратиме Годзила ќе биде поинаку?
Човек А: Епа не можеме ништо да не направиме!
Човек Б: Ало, баш правење ништо е бескрајно подобро отколку испраќање на Годзила да го направи тоа што буквално секогаш го прави.
Човек А: И ти знаеш дека не преземање ништо исто така има свои последици! Ти не ни имаш зборено со Венецуелци. Забарот на колегата на брат му е Венецуелец, и тој кажа дека токму Годзила е она што им е потребно. Треба да слушаш што зборува народот.
Човек Б: Без разлика со колку Венецуелци ќе зборувам, и понатаму останува неспорниот факт дека интервенциите на Годзила секогаш се катастрофални и секогаш ги влошуваат работите.
Човек А: Зошто толку многу го браниш Мадуро?
Човек Б: Што?!? Не го бранам Мадуро! Ова нема никаква врска со Мадуро. Само памтам што е Годзила и сите работи што тој ги прави кога ќе го свикаме од дното на морето за да дојде и да ги реши проблемите.
Човек А: Гледај, разбирам дека Годзила правеше хаос во минатото, ама тоа не значи дека ти треба да шириш поддршка за Мадуро.
Човек Б: Не го поддржувам Мадуро! Зошто секој пат го правиш истото?? Кога беше Ирак ми викаше дека го бранам Садам, за Либија ми викаше дека сум симпатизер на Гадафи, кај Сирија бев Асадист, а сè што ти кажувам е дека Годзила е џиновско нуклеарно чудовиште кое уништува сè што ќе му се најде на пат!
Човек А: Изгледа на тебе едноставно не ти е гајле за народот на Венецуела.
Човек Б: Секако дека ми е гајле за народот на Венецуела! И токму затоа не сакам тие да бидат смачкани до смрт под нозете на деструктивно нуклеарно чудовиште!
Човек А: Да ама Венецуела сега е на смртни маки. Не дека тоа што ќе го испратиме Годзила ќе ги влоши работите.
Човек Б: Испраќањето на Годзила дефинитивно ќе ги влоши работите! Ме заебаваш?? Си ја видел Либија во последно време??
Човек А: Да бе, заборавив, сè беше совршено во Либија пред да го пратиме Годзила да го убие Гадафи. Беше совршен утописки рај!
Човек Б: Никој не вика дека Либија беше совршена во времето на Гадафи, ама беше каде каде подобра пред Годзила да почне со своето хаотично рушење и уништување на сè што му излезе пред очи. Сега е хуманитарна катастрофа во која не постои закон!
Човек А: Ти си Годзила-хејтер, Мадуро-симпатизер социјалист.
Човек Б: А бе не се работи за социјализам. Јасен факт е дека испраќањето на Годзила буквално секој пат ги влошува работите и буквално никогаш не направило работите да бидат подобри. Единствената причина зошто цело време се шифташ меѓу негирање работи што не сум ги кажал и лични напади на мене е затоа што знаеш дека немаш аргументи. Колку сакаш можеш да ме нарекуваш симпатизер на Мадуро, и да кажуваш дека не ми е гајле за народот на Венецуела, и дека тоа било затоа што сум заљубен во социјализмот, кога добро знаеш дека зборувам како што е. Искрено што мислиш дека ќе се случи ако пак го пратиме Годзила? Дали мислиш дека ќе биде невидена добрина која одеднаш ќе почне да ги решава работите со хируршка прецизност?
Човек А: Паа... можеби?
Човек Б: Не, и никогаш нема да биде тоа! Ти само цело време се надеваш дека ќе биде поинаку а никогаш, никогаш, не е! Како можеш да продолжи пак и пак да ја правиш истата глупа грешка?
Човек А: На телевизија ми рекоа дека овој пат ќе биде поинаку.
Човек Б: Тоа ти го кажуваат секој пат! Тоа е наративот што го туркаат профитерите од уништувањето што го прави Годзила.
Човек А: А бе може сега нема да дојде до тоа. Можеби Мотра ќе може нежно да го оддува Мадуро од власт.
Човек Б: И Мотра убива цивили!
Човек А: Не, не. Ветрот од нејзините крилја е ласерски насочен само кон Мадуро и олигарсите на Венецуела.
Човек Б: Тоа не е ни најмалку точно! А и што ќе се случи кога Мотра ќе почне да убива цивили?
Човек А: Нема гајле, Годзила ќе може тоа да го реши.
Човек Б: Секако. Одлично. Извини, треба да одам да си ја лупам главата во ѕид.