„Лудиот Макс“ на автопатиштата на Венецуела

По пет години разјарена инфлација и речиси комплетна имплозија на економијата, гладта станува проблем во Венецуела речиси на „африканско ниво“, а народ мора нешто да јаде, па макар и пресретнувал и пљачкосувал шлепери на автопат.

Само во јануари во Венецуела има 42 ограбени камиони со храна. Пред една година бројката е 1 ограбен камион. Ова е бројот на успешни грабежи, без да се земат предвид обидите. Во пљачкосувањето камиони и продавници во јануари се загинати 8 лица.

Освен што се работи за нужност за подмирување на една од најосновните потреби, камионџиите се погоден плен за ограбување бидејќи со закон им е забрането носење оружје, па единствена мерка за заштита на својот товар им е меѓу себе да ги разменуваат најпроблематичните места, и да возат во конвои и што е можно побрзо.

Меѓу тактиките што се користат за запирање на камионите е нивно опколување со мотори на кои има вооружени лица. Откако ќе го натераат да запре „тие се нафрлаат на камионот како лавови на плен.“

Тие што не се моторизирани користат и балвани дрвја или карпи на сред автопат, а на крадците „посебно им се драги парчињата метал со долги шилци кои ги дупнуваат гумите и ги застануваат камионите.

Во други случаи, крадците чекаат камионот да ја намали брзината пред да скокнат во приколката и да почнат стоката да им ја подаваат на соработниците што ги чекаат долу.

Ако заради која и да е причина камионот сам од себе се расипе, речиси без пропуст тој е ограбен.

Во целата работа камионџиите признаваат дека напаѓачите се внимателни да не го повредат возачот или да му наштетат на возилото, доколку тој соработува.

 

 

12 февруари 2018 - 13:41