Неочекуваната отвореност на земјата кон мигранти има една клучна цака - сите мигранти што ги прима Унгарија треба да докажат дека имаат унгарско потекло.
Унгарските власти инсистираат дека станува збор само за автентични Унгарци кои се враќаат дома. Ситуацијата од терен што ја пренесува Би-би-си покажува дека најголемиот дел од нив ниту зборуваат унгарски ниту се родени во Унгарија.
Унгарската дијаспора стига во Венецуела во два брана. Првиот е веднаш по Втората светска војна и опфаќа луѓе кои соработуваат со нацистите, од кои дел се вклучени во депортација не унгарските Евреи во германските концентрациони логори.
Десетина години подоцна следува втората група, и е составена од луѓе кои на барикадите во Будимпешта се судираат со советската армија.
Унгарската заедница во Венецуела прв пат бара помош од унгарската влада некаде во 2017 кога работите во земјата брзо почнуваат да се влошуваат. Матичната земја брзо и дарежливо реагира кон своите заминати сограѓани, па првата пратка од 350 луѓе добива сместување, часови по унгарски јазик и план за интеграција.
Од останатите бегалци кои затропаа на вратите на Унгарија, во 2018 само 94 добија статус на азиланти.