Свесни дека одат да соборат влада која подолго време е на готовс и мобилизирана да реагира на каква било закана од добро финансиран опозициски лидер, платениците на Силверкорп сепак решиле во неделата да твитаат за операцијата која се уште била во тек. Бонус му твитаат на Трамп.
Твитот е:
Не многу по волја на администрацијата на Трамп беше откриено дека Силверкорп ги обезбедувале претседателските митинзи на Трамп во 2018. Еден од постовите на Инстаграм кои Вајс њуз успева да ги фати пред да ги избришат е со слика од митинг на Трамп во Шарлот во 2018, на која е испишан текстот „Го заштитуваме нашето најголемо богатство“.
За да нема сомнеж дека Венецуела го има Силверкорп на својот радар, Асошиејтед прес потврди дека првиот човек на компанијата, Џордан Гордо, го придружувал долгогодишниот телохранител на Трамп, Кит Шилер, на неговиот состанок со претставници на Гуаидо во мај 2019 во Мајами.
Анализата на запленетото оружје од групата од 62 платеници покажува дека двајцата поранешни припадници на Зелените беретки во акцијата со себе понеле и „воздушна“ пушка.
За сето ова немаше да се дознае, барем не толку брзо, ако токму Гордо, не кренеше галама и на Твитер и на новинари им објави дека ја организирал операцијата, а потоа и призна дека двајцата Американци работеле за него. Запрашан по која логика планот налага групата платеници да го нападне сериозно утврдениот венецуелски брег, Гордо изјавил дека бил инспириран од Александар Македонски кој „удрил длабоко во срцето на непријателот“ во битката против Дариј Трети. Гордо притоа не ја земал предвид разликата во силата меѓу 62 платеници на негова и 40.000 војници на венецуелска страна.