Во видео објавено од лидерот од Социјалистичката партија, Диосдадо Кабело, се гледа државјанин на Венецуела идентификуван како Хоснар Адолфо Бадуел, исто така уапсен, кој потврдува дека меѓу уапсените има двајца Американци. Ал Џезира пренесува и изјава дадена за Ројтерс дека во понедленикот се уапсени двајца американски граѓани и се верува дека се чувани од военото разузнавање на земјата.
Според властите акцијата завршила со 8 загинати лица на плажа во близина на градот Ла Гуаира, а акцијата ја потврдува и еден поранешен член на Зелените беретки, Џордан Годро кој од Флорида за Асошиејтед прес изјавува дека работел со двајцата Американци на мисијата започната во неделата со цел „ослободување“ на Венецуела.
Годро потврдува и дека уапсените Американци се поранешни припадници на армијата, кои служеле со него во Ирак и Авганистан.
Тој ја крева целата оваа галама, и ги идентификува двајцата, затоа што Венецуела и САД ги раскинаа дипломатските односи, па сега нема никакво дипломатско претставништво на САД во земјата кое би можело на кој било начин да ги помогне уапсените.
Годро изјави и дека потпишал договор со про-американскиот опозициски лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, за соборување на Мадуро. Ова беше отфрлено од Гуаидо, кој изјави дека немал никаква врска со неделната операција. Според него нападот започнал од Колумбија, во неделата наутро, а не успеал затоа што Гуаидо обезбедил само 60 борци кои не биле доволно финансирани и обучени.